Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во завршна фаза

07/10/2026  11:35

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски”  и дека до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.

– Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота!  Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски”! Генерации скопјани чекаа да се реши овој проблем. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно се соочуваа со гужви, нервози и изгубени часови во сообраќајот. Со години слушаа ветувања, а пред себе ја гледаа истата слика. Денес, таа слика ја менуваме со работа. Со асфалтирањето влегуваме во завршницата на оваа значајна сообраќајна делница.  По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски” конечно го добива ликот што го заслужуваат скопјани – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за нешто повеќе од три месеци се решени проблемите што со децении го кочеа овој проект.