Skip to main content
Хроника

13 годишно дете повредено по пад од електричен тротинет

24/05/2026  13:59

На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол.

Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.