Search

Џо Пеши има најдобра победничка насмевка во празничен филм

Насмевката на Џо Пеши во семејната комедија „Сам дома“ беше изгласана за најдобра победничка насмевка во празничен филм.

77-годишната sвезда го глуми провалникот Хари Лајм, еден од двајцата негативци во легендарната Божиќна комедија од 1990 година, и го покажува својот златен заб кога открива дека семејството на Кевин (Меколи Калкин) заминува на пат за празниците.

„Баз Бинго“ спроведе анкета за Божиќните класици – како што се „Умри машки“ со Брус Вилис (Џон Меклејн), „Елф“ со Вил Ферел (Бади) како новогодишно џуџе, „Всушност, љубов“ со Хју Грант и други – за да ги најде најдобрите насмевки и потези за топ 10 листата.

Истражувањето е спроведено за да се прослави кампањата на компанијата #WinFace.

Треба да знаете
Последни објави