Search

Џонсон го запре ублажувањето на мерките, стравува од втор бран на коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон го одложи планираното ублажување на мерките во Англија по порастот на бројот на заразени со коронавирус, поради страв од втор бран на заразата.

Само неколку часа откако Велика Британија воведе построги мерки во делови на Англија, Џонсон објави дека казината, кугланите и лизгалиштата остануваат затворени, а свадбените прослави се откажуваат.

„ Сега го гледаме светлото на предупредувањето на контролната плоча“ одговори Џонсон на новинарско прашање за втор бран на заразата со ковид-19, кој досега усмрти над 55.000 луѓе во Британија.

„Нашата проценка е дека треба да притиснеме на сопирачката за да го задржиме вирусот под контрола“ додал Џонсон.

Ова е нагло прекинување на ублажувањето на мерките и воведување на построги ограничувања за повеќе од 4 милиони луѓе.

И додека светот се соочува со мрачни сознание за можен втор бран, Џонсон вели дека вирусот е во полн замав во Азија и Јужна Америка, додека континентална Европа се бори за да го задржи под контрола.

Вирусот кој најпрво се појави во Кина, веќе уби најмалку 670.000 луѓе во светот и турна во колапс големи делови од глобалната економија.

Треба да знаете
Последни објави