Skip to main content
Хроника

Ќерката на исчезнатата Лидија Трајковска и упати порака на својата мајка

08/12/2024  14:21

Точно еден месец откако нема ниту трага ниту глас од Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери. Во јавноста веќе како да се стиши целата ситуација околу исчезнувањето на жената,  додека во последниот разговор кој 24инфо го направи со семејството на Лидија, ќерката Мартина изјави дека секојдневно очекуваат повик од МВР и дека целата потрага тапка во место, без нови информации.

Една од ќерките на Лидија, на социјалните мрежи деновиве се огласи со емотивна порака до својата мајка во која вели дека залудно е се, додека ја нема мајката да те пречека и да те прегрне.