Skip to main content
Магазин

Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска

27/11/2024  12:03

Маж од Јужна Кореја е осуден на условна затворска казна од една година, бидејќи намерно се здебелил повеќе од 20 килограми, за да избегне воена служба, соопшти денеска Судот во Сеул.

На три прегледи од 2022 до 2023 година тој тежел од 102 до 105 килограми, поради што тој требало да одработи само цивилна воена служба.

Инаку, од Јужнокорејците – мажи на воена возраст, се бара да отслужат воен рок од 18 до 21 месец, со тоа што лицата со здравствени проблеми, служат цивилна воена служба во установи како што се центрите за социјална помош. Мажите со сериозни здравствени проблеми се ослободени од воени должности.

Во Јужна Кореја годишно се забележуваат околу 50 до 60 случаи на избегнување воена служба.