Search

Јовановиќ: Платежните картички на Владата-поразителна статистика дека живееме во сиромаштија

Бројката од 324.000 граѓани на кои Владата ќе им додели платежни картички претставува поразителна статистика, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, кој е поранешен советник во Министерството за финансии. Според него, на ваков начин на граѓаните им се даваат, како што вели, трошки наместо системски да се решаваат проблемите.

Тој во разговор за ТВ21 истакна дека токму оваа бројка дава една друга слика која покажува дека, за жал, во нашата држава поголемиот дел живеат со помалку од 15 илјади денари месечно.

-Дефинитивно е поразителна статистиката, со тоа што мислам дека бројките се уште полоши од ова, бидејќи во оваа бројка не се влезени и пензионерите. Голем дел од пензионерите, веројатно една половина, односно 150 илјади имаат пензии кои се помали од 15 илјади денари. Официјалната стапка на сиромаштија во државата е околу 22 проценти, односно 455.000 кај нас живеат во релативна сиромаштија, а според Светска банка, апсолутната сиромаштија во земјава изнесува 110.000, односно толку граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден. Има и бројки за висина на приходи од Министерство за финансии, 50% од луѓето имаат доход под 212 евра месечно, истакна Јовановиќ.

Треба да знаете
Последни објави