Search

Јаулески: Заев им ветуваше многу на младите, но една цигла не стави

 Унијата на млади сили е најбројниот политички подмладок во Република Македонија истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.

Јаулески потенцираше дека младите се разочарани од оваа власт и не и веруваат поради плејадата на неостварени ветувања и актуелната состојба во државата.

-Зоран Заев и СДСМ ветуваа брда и долини за младите во Република Македонија. Покрај многуте проекти кои на празно се најавуваа, еден од нив е и студентскиот град кој што никој се уште го нема видено. Да не зборуваме за студентските домови кои ги најавуваа каде стигнат, а никаде не ставија ниту една цигла, камо ли да изградат”, истакна Јаулески.

Говорејќи за „Маршот против неправдата“, Јаулески истакна дека младите маршираа затоа што Заев го суспендираше правото, законите и Уставот. Целата македонска јавност слушна како Заев бил информиран за рекетот и делегирал пресуди, вели претседателот на УМС. Младите како и сите гледаат дека правото не важи подеднакво за сите, Курто Дудуш за физички напад со тешки телесни повреди доби само опомена, Боро Марлборо беше фатен како шверцува цигари, а неговиот син доби лиценца за одгледување марихуана и тоа е она кое што ги демотивира младите во Република Македонија, истакна тој.

-Младите најмалку треба да се жртва на СДСМ и Зоран Заев кои воопшто не се погрижија да им го подобрат стандардот. Младите во државата ја препознаваат вистинската страна и тоа ќе се потврди на 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори и ќе ја формира новата влада на Република Македонија, заклучи тој.

 

Треба да знаете
Последни објави