Search

Јанева се умори од боделувањето, па заминала на одмор

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, користи годишен одмор, откако беа објавени вест и фотографија дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти потврдуваат од СЈО за Плусинфо.

Од СЈО, сепак, не можат ниту да ги потврдат, ниту, пак, да ги коментираат фотографијата и информациите дека таа е на плажа во Грција, бидејќи обвинителката не кажала каде и како ќе го користи одморот.

Јанева, два дена по усната оставка, на 15 јули, приложи докумемнт дека е на боледување во траење од 30 дена што ѝ го дал матичен лекар.

Јанева засега не е осомничена, но од неа беа одземени два мобилни телефони кои се вештачеа за да се провери нејзината комуникација со Боки 13. Во еден од двата телефони, за кои првично нејзиниот син кажа дека е изгубен, а потоа беше пронајден кај сестрата на неговата девојка, вештаците не пронашле ништо затоа што бил форматиран.

Дента кога се отвори истрагата „Рекет“ и беше приведен Боки 13, Јанева си поднесе одложена оставка, но со образложение дека не сака да биде алиби во преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство. Потоа, осум дена таа се „изгуби“ и користеше боледување, по што се врати на работа и во изјава за медиумите негираше нејзина вмешаност и соработка со осомничениот Јовановски, посочувајќи дека не само тој туку и други лица го злоупотребувале нејзиното име.

Треба да знаете
Последни објави