Search

Јанева од Шутка со полициска придружба ќе замине на погребот на нејзината мајка

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од вчеравечер е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари, откако судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор. Притворот беше побаран од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет”, Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.

Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева. Русковска нагласи дека на Јанева ќе и биде дозовлено да присустува на погребот на нејзината мајка, денеска во Гевгелија. Таа за време на погребот ќе биде под постојана полициска придружба.

Судијата Сеад Реџепагиќ ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески претходно изјави дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу  290 илјади денари, така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја”.

Треба да знаете
Последни објави