Search

Зголемен бројот на затвореници во Турција

Бројот на затвореници во Турција во 2017 година е зголемен за 15,7 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на турскиот Институт за статистика.

Според податоците на Институтот, лани во Турција имало над 232 илјади затвореници, од кои 66 отсто со статус „осудени”, а останатите 34 проценти биле во притвор.

Од вкупниот број затвореници, 96 проценти биле мажи, а четири проценти жени.

Податоците покажуваат дека секоја година во Турција има зголемување на бројот на луѓе кои завршуваат зад решетки.

Треба да знаете
Последни објави