Search

Ѓоковиќ без загубен сет го освои Токио

Првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ, се врати на теренот победнички по кусата пауза поради повреда на рамото. Го осви турнирот во Токио совладувајќи го во финалето Австралиецот Џон Милман со само пет загубени гемови (6-3, 6-2).

Ѓоковиќ до трофејот во Токио дојде без загубен сет, откако со 2-0 ги преслуша и сите претходни противници – Попирин, Соеда, Пулие и Гофин. Триумфот во Токио му донесе заработка од 391.430 долари и 500 бодови на АТП-листата, на која утре ќе ја почне 272. недела како најдобар во светот.

Треба да знаете
Последни објави