Search

Штетата од катастрофите во светот во првите шест месеци изнесува 44 милоијарди долари

Во првите шест месеци од годинава загубите предизвикани од природни непогоди и од катастрофи предизвикани од човечки фактор изнесуваат 44 милијарди долари, соопшти швајцарската компанија за реосигурување Свис Ре.

Во тој период, најмалку 5.000 луѓе во светот го загубиле животот во непогоди.

Осигурителните компании покриле 19 милијарди долари загуби, со оглед дека биле осигурани само 42 отсто од вкупните загуби.

Во природни катастрофи предизвикана е штета од 40 милијарди долари, додека човечки фактор е одговорен за преостанатата штета, во износ од четири милијарди долари

Треба да знаете
Последни објави