Search

Шпанското знаме, наместо кај кралот, заедно со падобранецот заврши на бандера

На воената парада во Мадрид, падобранецот наместо свечено да му го предаде знамето на кралот остана да виси на бандера.

Падобранецот чиј падобран се закачи на бандера требаше да слета пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивната ќерка.

Како знак на поддршка кралското семејство започна да му ракоплеска.

Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето.

Треба да знаете
Последни објави