Search

Шпанската полиција во подморница заплени два тона кокаин

Шпанската полиција запленила подморница на која биле откриени два тона кокаин и притоа уапсила две лица. Би-Би-Си го цитира соопштението на полицијата во кое се наведува  дека подморницата била откриена кога се доближила до брегот на Галиција, и дека трето лице, исто така, било во неа, но успеало да им побегне.

Трите лица, се навеудва во соопштението, потекнувале од Еквадор. Шпанските медиуми пренесуваат дека подморницата од Колумбија пристигнала до шпанскиот брег, а полицијата се обидува да утврди дали цело време самостојно патувала од Латинска Америка.

Треба да знаете
Последни објави