Search

Шон Ленон ќе го одбележи роденденот на својот починат татко Џон

Синот на легендарниот музичар Џон Ленон, Шон Оно Ленон, за прв пат го интервјуираше Сер Пол Макартни за односите со неговиот татко, а разговорот ќе биде дел од програмата со која ќе се одбележи  80-тиот роденден на починатиот „битлс“

„Сега гледам назад во минатото како фан“, вели Макартни во врска со првата средба со Ленон.

„Колку имав среќа што го сретнав овој чуден Теди бој кој свиреше иста музика како и јас, и ние се здуживме, се надополнувавме!“

Разговорот ќе биде дел од специјалната дводелна програма на Радио 2, насловена „Џон Ленон на 80 години“, настан што ќе го одбележи роденденот на починатиот „битлс“.

За време на разговорот, Сер Пол ја свири една од првите песни на двоецот Ленон-Макартни, Just Fun.

Напишанa додека тинејџерите бегале од училиште, никогаш не била снименa официјално – иако претходно се слушнал мал дел од неа во филмот за „Битлси“ Let It Be.

Документарниот филм ќе вклучува и интервјуа со полубратот на Шон, Џулијан и неговиот кум Сер Елтон Џон.

Програмите ќе бидат достапни на 3 и 4 октомври, пред роденденот на Ленон на 9 октомври.
Британските медиуми деновиве ја пренесоа веста дека Марк Чепмен, човекот што го уби Џон Ленон, ѝ се извини на вдовицата на покојниот битлс, Јоко Оно, 40 години по неговата смрт и рече дека жали за грозоморниот чин.Чепмен го застрела легендарниот музичар пред неговиот стан на Менхетн, Њујорк, на 8 декември 1980 година.

Треба да знаете
Последни објави