Search

Шишкарев поради операција на коленото ќе паузира три-четири недели

Унгарскиот и регионален ракометен првак Веспрем, која сезонава важи и за еден од фаворитите за освојување на европската круна на завршниот турнир кој ќе се одржи на крајот од годинава, се соочува со проблеми бидејќи летното засилување Данил Шишкарев ќе отсуствува од три до четири недели поради операција на коленото.

Поранешниот ракометар на Вардар и рускиот репрезентативец го пропушти мечот против Целје (39-24), а нема да биде ниту во тимот на Давид Дејвис во следните две големи дерби пресметки во елитното натпреварување со Барселона следната недела и со Кил една недела подоцна.

Веспрем во групата Б е лидер со четири победи на четирите одиграни меча.

Треба да знаете
Последни објави