Search

Шилегов се однесува како подвоена личност, еден ден ветува реновирање, друг ден рушење, трет ден лее корокодилски солзи за Универзална сала

Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, реакција на изјава на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

„Им ветив на Златните славејчиња дека во новиот објект ќе го слават 50-годишниот јубилеј“, рече Шилегов во мај 2018. Вети и излажа. Ова се зборови на Шилегов.

Трета година е градоначалник на градот Скопје и нема никакви оправдувања за неговата неработа.

Шилегов даваше ветувања дека Универзална сала ќе биде реконструирана. Влада во Република Македонија трета година е токму неговата политичка опција. Наместо да си ја префрла топката влада-град Скопје, всушност тој ја потврдува неговата изразена неспособност да решава проблеми.

Шилегов се однесува како подвоена личност. Еден ден вели ќе ја гради Универзална сала, друг вели ќе ја руши, а третиот лее крокодилски солзи за салата и пак не нуди решение. Сето е доказ за неговата неспособност.

Треба да знаете
Последни објави