Skip to main content
Спорт

Шестгодишно момче доби забрана за влез на стадион

03/12/2024  11:22

Францускиот фудбалски клуб Авр од Лига 1 донесе непопуларна одлука, му забрани на шестгодишно момче да присуствува на натпреварите до крајот на сезоната.

Ова мало момче фрлаше хартиени чаши и стуткани хартии на теренот на натпреварот меѓу Авр и Рамс, поради што беше строго казнет.

„Тоа е навистина стресна ситуација, но ние сме должни да преземеме нешто поради ваквото недозволено однесување. Мораме да ја подигнеме свеста кај луѓето, кај оние кои не следат и поддржуваат и да покажеме дека стадионот треба да биде место за славење, а не за насилство и гнев“, го пренесе „Лекип“ соопштението на фудбалскиот клуб Авр.

Момчето наводно фрлало хартии за да ги повика пријателите кои седеле на соседната трибина на стадионот. Хартиените чаши паѓале крај теренот, а иако не загрозуваа никого, Авр го казни со цел да испрати порака до сите кои така ќе се однесуваат во иднина.

Авр моментално го зазема 16-тото место на табелата во Лига 1 со 12 освоени бодови.