Search

Чулев позитивен на Ковид-19: Не успеав до крај да се одбранам од вирусот

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен на Ковид-19. Тој на Фејсбук објави дека добил позитивен резултат на тестот за коронавирус и дека моментно се чувствува добро и се лекува во домашни услови.

„Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид-19. За жал, и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден.

Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето. Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје“, објави Чулев.

Треба да знаете
Последни објави