Search

Чориќ загуби девет од последните 10 натпревари

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, загуби од Бразилецот Тијаго Монтеиро во второто коло на турнирот во Буенос Аирес со 0-2, по сетови 4:6 и 6:7.

Дваесет и тригодишниот Чориќ загуби девет од неговите последни 10 натпревари. Единствената победа што ја освои на АТП Купот над Доминик Тим, за него е прва од 2018 година, против играч од ТОП 10.

По Австралија опен, Чориќ испадна од првите 30, за прв пат од јуни 2018 година, што е негов најлош пласман на АТП ранг листата.

Треба да знаете
Последни објави