Search

Четири смртни случаи од коронавирус и 23 новозаразени лица

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа од компликации поради Ковид-19 починал пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во болницата „8 септември“ починала 59-годишна пациентка од Гостивар, информираат од Министерството за здравство.

Евидентирани се и две починати жени од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во кумановската болница.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на коронавирус и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино-2 (станува збор за жители на Демир Капија).

Во изминатите 24 часа институтот за јавно здравје регистрирал 111 оздравени пациенти од кои 13 во Скопје, Куманово-74, Прилеп-18 и по еден во Штип, Битола, Охрид, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Хисар.

Со ова вкупната бројка на инфекции од коронавирус во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

Треба да знаете
Последни објави