Search

Црна Гора одбележува Ден на независноста

Црна Гора денеска одбележува 14 години од одржувањето референдум за нејзиниот државно-правен статус, односно Ден на независноста од тогашната Државна заедница на Србија и Црна Гора.

На референдумското прашање во 2006 година: „Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународно-правен субјективитет?”, потврдно одговориле 55,5 отсто од граѓаните, а 44,5 проценти биле против.

Црногорското Собрание на 3 јуни истата година официјално ја прогласи независноста.

Прогласувањето независност на Црна Гора од Србија најтешко ги погодило Србите, кои во таа држава се околу 30 отсто од популацијата, а на кои до денес не им е признат статусот на малцинство.

Треба да знаете
Последни објави