Search

Ципрас ја доби довербата од грчкото собрание

Ципрас ја доби довербата од грчкото собрание

Ципрас ја доби довербата од грчкото собрание, кое со мнозинство од 153 гласови ја одби иницијативата на опозициската Нова Демократија. По три дена жестока дебата, меѓусебни обвинувања, навреди и тензии, јасно е дека Ципрас утре како грчки премиер ќе пристигне во Преспа.

Како што е предвидено на двете страни од границата во Преспа министрите за надворешни Коѕијас и Димитров ќе го потпишат документот кој става крај на тридеценискиот спор за името.

Ципрас во одбраната за својата влада тврдеше дека договорот со кој се става крај на спор за името е добар и не вистина дека тој и премиерот се предавници како што ги обвинува опозицијата во двете земји. Напротив токму Нова Демократија со националистичката реторика создава нови проблеми за Грција која сега е на патот на дипломатски и економски успех.

„Вие доаѓате и ни кажувате дека со Договорот го делиме грчкиот народ за да му направиме услуга на Скопје. Но, за ваша несреќа во исто време во соседната земја Груевски, Иванов и другите го велат истото за господинот Заев.  Дека ги дели своите луѓе за да ги обедини Грците. Вистината е дека ниту едното ниту другото тврдење се точни“ рече Ципрас.

Никос Коѕијас го откри документите за преговорите за името од претходните влади директно одговорајќи на обвинувањата на Бакојани за изневерување на грчките позиции. Првиот грчки дипломат од собраниска говорница обелодени дека во 2009 година исто така се преговарало за името Северна Македонија, но тогаш тимот на Бакојани и Караманлис не договорил ерга омнес. Коѕијас истакна дека договорот е патриотски, и порача да не бидат заложници на историјата.

Пратениците беа повикани по име и презиме да се изјаснат со ДА или НЕ за поддршка на владата на Ципрас. Голем шок предизвика Димитрис Каменос, коалициониот партнер на Ципрас од Независни Грци кој гласаше да падне владата.

Со ова се намали парламентарното мнозинство кое го има Сириза од само три пратеници пред опозицијата. Веднаш Каменос беше исклучен од пратеничката група на Независни Грци која јавно го отстрани од своите редови.

Опозицијата која со аплаузи го испрати Димитрис Каменос не успеа да собере над 150 гласови.

Ставот на независни грци е дека сакаат да продолжи со работа Владата на Ципрас, но нема да гласаат во парламентот за ратификување на договорот за решавање на грчко-македонскиот спор за името.

Треба да знаете
Последни објави