Search

Центарот за млади и заедницата од Гостивар одбележа една година од основањето

Центарот за млади и заедницата од Гостивар (YCC) попладнево одбележа една година од формирањето. Проектот започна минатата година како соработка на невладината организација „Демокраси лаб”, Општина Гостивар и амбасадата на САД во Скопје.

Според извршниот директор на „Демокраси Лаб”, Сефер Селими, центарот ја остварува целта и позитивно влијае врз соработката и довербата меѓу различните заедници што живеат во Гостивар и промовирањето на мултиетничноста.

Селими на денешната свеченост напомена дека изминатата година преку центарот поминале над 1.700 лица кои биле опфатени со обуки, работилници и проекти што ги реализирале десетина младински организации.

На свеченоста присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Брнз која искажа пофални зборови за соработката и досегашните реализирани активности.

Во следните три години, работењето на центарот ќе биде финансирано со пари од општинскиот буџет.

Треба да знаете
Последни објави