Search

ЦДУ денеска бира наследник на Ангела Меркел

Владејачката германска Христијанскодемократска унија (ЦДУ) ќе избира денеска наследник на Ангела Меркел, а со самото тоа и кандидат за иден канцелар.

Генералната секретарка на ЦДУ, Анегрет Крамп Каренбауер, позната и по прекарот АКК, е една е кандидатите за наследник на Меркел, но и нејзина сојзузничка за која се верува дека е најблиску до ставовите на канцеларката. Искуството го стекнала водејќи ја регионалната влада во сојузната германска држава Сарланд.

Фридрих Мерц е истотака кандидат за позицијата нов лидер на партијата, а „АП“ наведува дека тој се обидува да направи спектакуларно враќање, по повеќе од една деценија помината надвор од водечките политички кругови. Тој се залага за поконзервативен пристап, објаснува „АП“.

Треба да знаете
Последни објави