Search

Царовска: Инспекторите во зајакнати контроли, работниците и компаниите да ги почитуваат протоколите

Заменичката на престедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска денес одржа редовен состанок со преставници на граѓанските организации Гласен текстилец, Хелсиншки комитет, ФООМ и други организации, како и со Претседателката на Инспекциски совет и со директорите на трудов и пазарен инспекторат.

 

На состанокот, кој се одржа преку апликацијата „Zoom“,  се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, за инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите особено во Штип и Тетово каде што има појава на кластери во неколку правни субјекти.

 

Состанокот беше искористен граѓанските организации да дадат свои предлози и сугестии коишто ќе помогнат во носењето на нови мерки за полесно справување со здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19.

 

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и функционирањето на компаниите. Исто така, апелираше на засилено присуство на инспекторите на терен во насока на утврдување на почитувањето на мерките и протоколите во угостителските компании, транспортот на работниците и во производствените погони.

 

Вицепремиерката истакна дека редовните состаноци со граѓанските и организации и раководството на инспекторатите овозможува навремена и брза размена на информации, како и можност за координирано постапување на терен на инспекциските служби.

 

Треба да знаете
Последни објави