Search

Хуманитарен концерт на Дејан-Ѕене и Елена Трајановска во Делчево

Во организација на Општина Делчево, а по повод кампањата „Недела на хуманоста – дарувај со љубов”, вечерва во киносалата во Делчево се одржа хуманитарен концерт на кој со свој перформанс се претставија Дејан Георгиев – Ѕене на пијано и вокалната солистка Елена Трајанова.

За солистката Трајанова чест е да се учествува на настан кој ја промовира хуманоста.

-Особена чест и задоволство ми е што по втор пат настапуваме во Делчево, уште поголемо задоволство е што имаме можност да бидеме дел од хуманитарниот настан за помош на лицата со специјални потреби со цел полесно да се интегрираат во општеството, истакна Трајанова.

Дејан-Ѕене и Елена пред присутните ги изведоа најпопуларните светски џез хитови што посрбно ги воодушеви присутните во публиката.

-Доаѓам од Бугарија и ова што го слушнав наликува на она што во Америка го изведуваат славните Реј Чарлс и останатите џез икони на светската музичка сцена што е за поздравување, истакна Ивајло Романов, посетител од Бугарија кој присуствуваше на концертот.

Средствата од донациите во рамки на вечерашниот концерт, како што дополнија  организаторите ќе бидат наменети за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Активностите во рамки на кампањата „Недела на хуманост – дарувај со љубов” ќе продолжи со проекција на филмо „Врба”, посета на Дневниот центар и промоција на книга на Ана Дедова.

Треба да знаете
Последни објави