Search

Хилдаго прогласи победа на локалните избори во Париз

Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго прогласи победа на локалните избори, што се одржаа вчера, што и овозможи во нејзиниот втор мандат да раководи со Летните олимписки игри 2024 година.

Хидалго, припадничка на Социјалистичката партија ја победи конзервативката Рахида Дати.

Хидалго првпат беше избрана за градоначалничка на Париз во 2014 година, а на овие избори беше поддржана од Зелената партија.

На локалните избори гласаа околу 40 проценти од граѓаните. Изборите се одржаа со почитување на мерките – носење маски, одржување на физичка дистанца и гласачите носеа свое пенкало. На некои избирачки места, контролорите на изборите беа одделени со плексиклас.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека е задоволен од почитувањето на мерките за време на гласањето, но оти жали поради малата излезност.

Треба да знаете
Последни објави