Search

Хекуран Дука, кандидат за градоначалник на Дебар од ДУИ

Хекуран Дука кандидат за градоначалник на Дебар од ДУИ верува во себе и влегува во трката за градоначалник за Дебар како чесен, транспаренетен, со желба и визија како да ја продолжи да ја имплементира целосно програмата на ДУИ за Дебар.

Зошто се одлучивте да прифатите да бидете кандидат за градоначалник на Дебар?

Се одлучив да се кандидирам поради фактот што верувам во себе, бидејки сум чесен, сум траспарентен, имам желба и визија како да ја продолжам да ја имплементирам целосно програмата на ДУИ за Дебар од 2017 година. Таа програма беше изгласана масовно од избирачите, а голем дел веќе е реализирана од страна на сега починатиот градоначалник Ружди Лата. Затоа треба целата програма да ја довршам јас бидејќи има силна поддршка од ДУИ, која ме кандидираше и е дел од владината коалиција на РС Македонија.

Кои се приоритетите на Вашата Програма?

Главни приоритети се:  решавање на проблемот со целосно снабдување на градот и во летниот период со изградба на еден нов резервоар. Потоа систематизација и уредување на градската депонија, регулирање на сообраќајот во градот со создавање нови паркинзи во неколку делови на градот опфаќајки го тука и центарот на градот.  Потоа предвидувам решавање на проблемот со кучињата скитници со отварање на азил за кучиња со регионален карактер. Потоа предвидува санација на одредени локални патиша и одредени регионални патишта  во соработка на централна власт како и изградба на место за играчки за деца. Потоа внимание на еконоскиот развој, образованието и културата.

Каде ја гледате Вашата предност на изборите во однос на противкандидатот?

Моја предност е што пртотивкандидатот еднаш веќе загуби на изборите за градоначалник во 2017 година  и тој од таа позиција не може да им вети на дебарчани подобра надеж бидејќи тој ни тогаш ни сега нема изборна програма, што е неоходна  за менаџирање на барањата на граѓаните. Нема сигурна основа  од човечки ресурси посебно од економската сфера за да реализира и оние мали ветувања кои ги нема ниту систематизирани, а ги најавува како такви. Партијата во која е тој член не е во Влада ниту е во мнозинство во општинскиот совет.

Како го гледате Дебар со Вас по две години и со кои кадрови ќе го зајакнете кабинетот?

Дебар по две години ќе биде европопски град. Ќе има чиста вода за пиење, не ќе има загаден воздух, со регулирани улици и без смет.  Ќе има уреден сообраќај и изградени паркинзи. Ќе има економска зона каде ќе се одвива активноста каде ќе делуваат малите и средните фирми. Ќе има многу туристи кои ќе ги посетуваат туристичките ресурси во Дебар како што се Дебарските Бањи, Дебарското Езеро… Исто така, ќе има богат спорт и развиена културна активност.  Кабинетот ќе го зајакнам  со експерти и професионалци и тоа од младата популација за да им се даде можност за да продолжи развојот на овој град кој има богата историја и е убав.

Треба да знаете
Последни објави