Search

Хајди Клум во 45-та година чека дете со 17 години помладиот партнер

45-годишната Хајди Клум е бремена, пишуваат сите светски медиуми.

Како што пренесуваат медиумите, се чини дека Хајди и нејзиниот вереник Том Каулиц покрај венчавката имаат уште една причина за славење оваа година, но ниту еден од двајцата не се огласил по повод ваквата информација.

Бременоста на манекенката ја открил дизајнер во неформален разговор кој го водел на германска телевизија. За потсетување, Хајди веќе има четири деца – 14-годишниот Лени, 12-годишниот Хенри, 11-годишниот Јохан и 8-годишниот Лу.

Доколку се потврди информацијата за нејзината бременост, Клум и Каулиц ќе го добијат своето прво заедничко дете.

“Не размислувам на стареењето. Знам дека ми се случува, нѝ се случува на сите нас, но не дека станувам наутро, се погледнувам во огледало и велам “Ох, Боже мој”, вели Хајди за своите години.

“Мојот партнер е многу помлад од мене, но не се грижам за тоа. Мислам дека мора да живеете среќен живот и да не се грижите за тоа што мислат другите бидејќи таквите работи ќе ви создадат само непотребни брчки”, изјавила манекенката пред извесно време.

Треба да знаете
Последни објави