Search

Фрост: ЕУ мора да даде многу повеќе доколку сака договор за Северна Ирска

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фрост, изјави дека Европската унија мора да се согласи на значителни промени доколку сака нов договор за  делот од договорот за Брегзит што се однесува на Северна Ирска, јави Политико.

ЕУ во средата на Велика Британија и понуди пакет мерки за олеснување на транзитот на стоки до Северна Ирска од остатокот на Обединетото кралство.

Фрост јасно стави до знаење дека предлозите на ЕУ се неприфатливи и дека Лондон сака концесија од Брисел за улогата на Европскиот суд на правдата во надзорот на протоколот за Северна Ирска, пишува Политико.

„Ќе мора да се согласат доколку сакаат да најдат решение. Мора да има значителна промена доколку сакаме договор”, рече Фрост во интервју за Политико.

-Се што можам да кажам е дека прашањето за управувањето со морето сериозно ќе се разгледа. Доколку ЕУ е подготвена да зборува за тоа на начин што ќе ја помести од постојните позиции, се разбира дека со задоволство ќе зборуваме за тоа, додаде тој.

Британскиот премиер Борис Џонсон го потпиша таканаречениот Протокол за Северна Ирска, како дел од договорот за Брегзит од  2020 година. Тој подоцна се расправаше дека таквиот договор бил постигнат набрзина и дека протоколот им наштети на луѓето во Северна Ирска.

Конкретно, производите од Северна Ирска подлежат на царинска контрола во остатокот од Обединетото Кралство.

Фрост со месеци ја повикува Европската унија да дозволи измени на Протоколот за да се олесни трговијата меѓу Обединетото Кралство и Северна Ирска.

Треба да знаете
Последни објави