Search

Франција/Ковид-19: Најтежок ден – над 1.400 луѓе ги загубија животите

Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.

Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Досега се излекуваа 19.337 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави