Search

Франција и Русија апелираат Иран да го почитува нуклеарниот договор

Франција и Русија имаат заедничка желба да го заштитат иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска францускиот претседател, Емануел Макрон.

Макрон рече дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, во неделата, а Иран и неговата нуклеарна програма биле тема на разговорот.

Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија во неделата го повикаа Техеран целосно да го испочитува нуклеарниот договор што го потпиша со светските сили во 2015 година, како и да се воздржи од натамошно насилство, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави