Search

(Фото) Осветенa и отворенa црквата „Раѓање на Свети Јован Крстител“ во Бутел

Со голем црковно-народен собир денеска беше осветен и отворен новиот црковен храм „Раѓање на Свети Јован Крстител“ во општина Бутел, кој беше изграден со донација на ктиторот Мите Јовановски, сопственикот на „Макоил“.

Осветувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, кој ја служеше Светата Божествена Литургија, а освен црковниот врв на настанот присуствуваше градоначалникот на Општината, Велимир Смилевски, како и голем број православни верници и граѓани.

Во рамките на свеченото отворање, вчера се одржа Вечерна Богослужба и осветување на новата крстилница, а во МАНУ се промовираше книгата „Слова за Словото I и II “ од Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави