Search

(Фото) Втора сообраќајка за два дена кај зградата на ЕУ

Претпладнево нова сообраќајна незгода се случи кај зградата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје, објави 360степени.

Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој се заби во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава.

Вчера околу 4 часот на истото место имаше уште една сообраќајка во која скопјанка со автомобил буквално влета кон зградата и искрши дел од опремата околу зградата откако претходно со автомобилот преминала преку заштитните столпчиња.

Треба да знаете
Последни објави