Голем број граѓани од цела Србија и од Белград денеска го започнаа патувањето кон Нови Сад. Силни полициски сили се лоцирани во центарот на Нови Сад. Како што јавија репортерите на N1, неколку џипови и амбулантни возила влегле во дворот на Градското собрание, но ги нема на платото пред Железничката станица, од каде во петокот се урна настрешницата при што загинаа 14, а три лица тешко беа повредени.
Демонстрантите ја демолираа Градската куќа (Градското собрание) а во еден момент таа беше и запалени, но пожарот брзо бил изгаснат.
Активистите и претставниците на српската опозиција велат дека маскираните хулигани се уфрлена група провокатори.