Search

Филипче: Намален е бројот на тестирање, што значи стишување или намалување на епидемијата

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека денеска за прв пат имаме повеќе оздравени пациенти отколку активни заразани од Ковид 19 и додаде дека се чека да се види дали во наредните денови бројот на пациенти ќе биде вака низок и да можеме да кажеме полека епидемијата стивнува.

-Разговарано е со Комисијата за заразни болести и констатирано е дека намален бројот на тестирање поради намалување и на индикации, што значи стишување или намалување на епидемијата, нешто што го очекувавме. Протоколите на Комисијата за заразни болести се подготвени, но сепак мора да се внимава. Ќе почекаме да видиме како ќе биде деновиве, но олабавувањето на мерките нема да значи и комплетно враќање во животот во нормала. Пак ќе треба да се носат заштитни маски и ќе мора да внимаваме, појасни Филипче.

Треба да знаете
Последни објави