Skip to main content
Македонија

Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка

22/11/2024  11:35

„Со одбележување на Денот на албанската азбука ја потврдуваме нашата заедничка определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија,” рече пртетседателот Филипче во честитката по повод Денот на албанската азбука.

„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,” рече Филипче.