Search

Филипините ја намалуваат возраста за казнена одговорност на 9 години

Предлог-законот за намалување на возраста за казнена одговорност и за 9-годишни деца на Филипините предизвика бран критики од организациите за човекови права и правните експерти, кои предупредуваат дека ваквиот потег повеќе ќе им наштети на децата, отколку што ќе им помогне.

Правосудниот одбор на претставничкиот дом вчера го поддржа нацрт-законот за намалување на старосната граница за кривична одговорност од петнаесет на девет години.

Комитетот на Сенатот денеска почна да го разгледува законот. Голем број сенатори изразија загриженост во врска со законот, за кој сметаат дека ќе им наштети на децата и нема да ги заштити од криминалните групи што ги регрутираат.

„Ако нашиот проблем е дека многу деца се користат во криминал, тогаш можеби ќе треба да ја зголемиме казната за возрасните што ги користат децата за кривични дела“, рекол сенаторот Џоел Вилануева.

Здружението за човекови права „Карапатан“ смета дека законот ќе донесе милиони деца под ризик да бидат криминализирани и стигматизирани цел живот.

Сенаторот од правосудниот одбор на Сенатот, Дој Леачон, застана во одбрана на законот.

„Дојдовме до овој закон поради алармантниот пораст на бројот на криминалци кои користат малолетници за криминални активности, за што често пренесуваат и медиумите“, рече Леачон во изјвата.

Треба да знаете
Последни објави