Search

Фатен осуденик кој се барал за издржување на казна затвор

Осуденик кој бегал од издржување на затворска казна бил уапсен утрово во Тетово.  Според полицијата, околу 6.30 часот полициски службеници на СВР Тетово на улицата Страшо Пинџур, со судска наредба го лишиле од слобода А.К.(34) од село Порој. Тој бил осуден на затворска казна од 3 години и 6 месеци за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Бегалецот бил предаден во КПУ „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави