Skip to main content
Македонија

УХМР: До сабота променливо облачно со повремени врнежи од дожд

19/11/2024  14:45

Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а в петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен и ќе преминат во снег, некаде и на пониските места.