Search

Универзитет Колумбија: Администрацијата на Трамп можела да спречи смрт од Ковид-19 на 210.00 Американци

Несоодветниот одговор на владата на американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против пандемијата на Ковид-19 доведе до смртност од 130.000 до 210.000 случаи кои можеле да се спречат. Тоа е наведено во новата студија на тим експерти за јавно здравје и подготвеност при катастрофи, пишува „Гардијан”.

„САД  ја претворија глобалната криза во катастрофална трагедија”, се вели во студијата на истражувачите од Универзитетот Колумбија.

„Откривме дека најмалку 130.000 смртни случаи и можеби 210.000 можеа да се спречат со навремена политичка интервенција и поголема федерална координација и лидерство”, велат истражувачите.

Многу значајни фактори кои влијаеја на смртноста за време на пандемијата беа присутни многу пред новиот коронавирус да се појави во државата Вашингтон на 20 јануари 2020 година – разбиен здравствен систем, несоодветен пристап до здравствена заштита, огромно здравствени, социјални и расни разлики меѓу најранливите групи во САД, известуваат авторите на студијата.

Ова се влошува со фактот дека администрацијата јавно ги дискредитира здравствените работници и науката воопшто, што ги попречува напорите на јавното здравство да се запре ширењето на коронавирусот, заклучија истражувачите.

Треба да знаете
Последни објави