Search

Украинското биро за истраги го потврди барањето за одземање на имунитетот на Порошенко

Државното биро за истраги на Украина потврди дека доставило обвинение до јавниот обвинител против петтиот претседател на земјата, Петро Порошенко, пренесува „Спутник“.

„Главната канцеларија на СБИ достави до Канцеларијата на јавниот обвинител предлог-извештај во кој се наоѓаат обвиненија против петтиот претседател на Украина. Исто така, од Канцеларијата на јавниот обвинител беше побарано да го испита нацрт-барањето до Врховната Рада за согласност да го изведат Порошенко пред лицето на правдата по кривични пријави“, се наведува во соопштението на СБИ.

Порошенко е осомничен за незаконско влијание врз одржувањето конкурс за избор на кандидати за места во Врховниот совет на правдата.

Списокот на веројатни обвиненија вклучува активности насочени кон присилна промена или соборување на уставниот систем или заземање на државната власт и злоупотреба на службената должност. Максималната казна според овие членови од Кривичниот законик е осум години затвор.

Шефот на канцеларијата на четвртиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, адвокатот Андреј Портнов, рече дека СБИ доставила до јавниот обвинител предлог барање за одземање на имунитетот на Порошенко и негово изведување пред лицето на правдата.

Претходно, државниот јавен обвинител Руслан Рјабошапка, информираше дека има неколку случаи во кои Порошенко може да биде вмешан во својство на обвинет. Тој додаде дека сите вакви случаи се поврзани со злоупотреба на моќта и на службената должност.

Шефот на СБИ, Роман Труба, објави дека СБИ отворила 13 случаи во кои е вклучен Порошенко иако во ниеден од нив тој не е осомничен.

Треба да знаете
Последни објави