Search

УЕФА појаснува дека Чеферин не определил никави датуми за доигрување на ЛШ и ЛЕ

Германската телевизија ЗДФ објави дека Аександар Чеферин рекол дека европските купови ќе мора
да завршат најдоцна до 3 август.Но, УЕФА се јави со појаснување дека претседателот не го прецизирал датумот и не определил точни рокови.
УЕФА се огласи со соопштение да негира дека Чеферин зборувал за некакви крајни датуми.
„„Претседателот беше многу јасен дека нема датуми ниту крајни рокови. УЕФА во
моментов ги анализира сите опции како да се завршат националните првенства и
сезоната во Европа. На овие теми соработуваме со националните лиги и Асоцијацијата на
професионални фудбалери. Работната група ја формиравме на 17 март. Примарна цел на
работната група е да се сочува јавното здравје. Исто така задача е да се најдат решенија
во календарот за да завршат првенствата. Во моментов се разгледува опцијата
натпреварите да се играат во јули и август, секако доколку тоа го дозволат властите“,
пишува во соопштението.
Лигата на шампионите и Лига Европа  се прекинати кога коронавирусот започна да се шири во Европа.

Треба да знаете
Последни објави