Search

Уапсен уште еден тетовец за шверцот на 20 килограми марихуана во Дебар

Полицијата уапсила тетовец осомничен дека е дел од шверцерската група која беше уапсена завчера во Дебар, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 21.40 часот на улица Браќа Миладинови во Тетово бил уапсен  Е.Б.(58) од Тетово поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Осомничениот бил дел од групата од која бил уапсен и тетовецот Д.А.(45) завчера околу 23 часот во Дебар. При контрола на автомобилот „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А. полицијата пронашла две торби со 20 килограми марихуана.

Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Република Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), двајцата од Република Албанија. Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави