Полицијата вчеравечер во Струмица привела лице барано со потерница поради бегство од затворот Штип.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Триесетгодишниот струмичанец бил осуден на тригодишна затворска казна поради тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Тој е повторно вратен во штипскиот затвор, за доиздржување на казна затвор во времетраење од две години и пет месеци.