Search

Уапсени 18 членови на сицилијанската мафија

Италијанската и американската полиција уапсија 18 лица во Сицилија во операција за фаќање на семејство членови на сицилијанската мафија.

Операцијата била насочена кон семејството Инзериљо од Палермо, кое е во егзил во САД од 1980-те.

Организираната криминална група Коза Ностра (Наша работа) почна да ја губи својата моќ во 2017 година, кога лидерот Салваторе „Тото“ Рина почина во затвор. Властите тврдат дека семејството Инзериљо и нивните сојузници со седиште во Њујорк, кланот Гамбино, се обидуваат да ја повратат контролата за време на отсуството на моќ во Сицилија.

Семејството живее во Соединетите Американски Држави од 1980-те, кога војната што Рина ја водеше на островот ги принуди на егзил.

Истрагата ја истакнува силната врска помеѓу Коза Ностра Палермо и американскиот организиран криминал, особено кланот Гамбино, се вели во соопштението на полицијата.

Семејтвото Гамбино е едно од таканаречените „пет семејства“ кои историски владееле на мафијашката сцена во Њујорк. Претходните обвиненија против членови на семејството вклучуваат убиство и дистрибуција на дрога.

Меѓу уапсените вчера се и градоначалникот на гратче во близина на Палермо, Салваторе Гамбино, како и Томазо и Франческо Инзериљо, директни роднини на Салваторе Инзериљо, моќен шеф на мафијата убиен од Рина во 1981 година.

Во последните две децении Коза Ностра изгуби голем дел од својата апсолутна моќ на Сицилија. Но, обвинителите постојано предупредуваат дека групата се обидува да ја поврати својата моќ таму.

Треба да знаете
Последни објави