Search

Тухел: Против Аталанта ќе биде многу тешко да се зачува голот

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел ги сподели очекувањата за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта.

– Добрата одбрана ќе биде многу важна против Аталанта. Тие имаат сосема уникатен стил. Напаѓаат со сите играчи, цело време напредуваат и притискаат насекаде. Гомез е насекаде и секогаш е мобилен. Тој се обидува да комуницира со другите играчи на мал простор.

Сето ова значи дека мора да бидеме многу фокусирани во одбраната и да се обидеме да не попуштиме. Но, знаеме дека ќе биде многу тешко да се игра на нула против Аталанта. Нашиот голман Кејлор Навас може да биде клучен играч, бидејќи тој е секогаш смирен и има големо искуство на овие натпреварувања.

Средбата ќе се одржи утре (12 август) во Лисабон со почеток во 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави