Search

Тројца пешаци повредени во Скопје и Битола

Тројца пешаци биле тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и во Битола.

Според полицијата, С.С.(92) од Скопје бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил „даеву матиз“ што го управувал С.И.(52) од Скопје. Според полцијата, сообраќајната несреќа се случила во 15.10 часот на крстосница од улиците Банско и Рилски Конгрес. Повредениот бил однесен во Клиниката „Мајка Тереза“.

Истиот ден во 21.30 часот на улица Лазо Трповски во Скопје, автомобил  „хјундаи санта фе“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(33) од Скопје, удрил во пешакот С.С.(30) од Скопје. С.С. се здобила со тешки телесни повреди и бил пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Вечерта во 23 часот на улицата Васко Карангелески во Битола, непознато возило што го управувал непознат возач удрил во пешакот С.В.(55) од Битола и избегал.  Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.

 

Треба да знаете
Последни објави